Дома Македонски спорт Мак фудбал Бојан Миовски е добитник на орденот „Свети Никола“ од градот Штип

Бојан Миовски е добитник на орденот „Свети Никола“ од градот Штип

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски е еден од добитниците на орденот „Свети Никола“ кој градот Штип го доделува за своите граѓани кои придонеле за афирмација на градот.

Орденот „Свети Никола“ 13 години се доделува на Денот на град Штип – 19 декември, а овојпат меѓу добитниците е и Бојан Миовски.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во образложението на Комисијата за доделување на ова највисоко признание на Штип, се вели дека Миовски е еден од најдобрите македонски фудбалери кој е силен репрезент на македонскиот фудбал, вистински амбасадор на Македонија.

Својата кариера ја започна во Брегалница, а играше и за Работнички и Ренова, па во Унгарија и Шкотска, за да сега е дел од шпанскиот прволигаш Џирона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…