Дома Фудбал Мудрик се јави по суспензијата поради допинг скандалот

Мудрик се јави по суспензијата поради допинг скандалот

Фудбалерот на Челси и украински репрезентативец Михајло Мудрик (23) падна на допинг-тестот, потврди англискиот клуб. Украинецот е суспендиран на неопределен период, додека не се утврдат околностите и деталите. Мудрик направи и „Б“ примерок и сега чека втора анализа.

Падна на допинг-тестот уште во октомври и не играл од 27 октомври што Челси последните неколку натпревари го оправдуваше со болест. Всушност, Мудрик ги чекаше новите резултати. Ако и тие се покажат позитивни, пред него ќе бидат многу тешки денови. Според правилникот на УЕФА, му се заканува и максимална казна од четири години суспензија што би значело дека нема да го гледаме на теренот до 2029 година.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


Мудрик брзо по официјалната потврда се огласи и изјави: „Можам да потврдам дека бев информиран дека примерокот кој го дадов на ФА содржел забранета супстанца. Ова е комплетен шок затоа што никогаш свесно не сум користел забранети супстанции ниту сум нарушил правила и внимателно соработувам со мојот тим за да истражиме како тоа можело да се случи.

Знам дека не направив ништо погрешно и се надевам дека наскоро ќе се вратам на теренот. Не можам повеќе да зборувам сега поради доверливоста на процесот, но ќе го направам тоа штом ќе можам“, заклучи Украинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо се пофали со нова „играчка“ – го има најбрзиот авион во светот!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, кој истовремено е еден о…