Дома Фудбал Капело: Гвардиола губи затоа што е арогантен!

Капело: Гвардиола губи затоа што е арогантен!

Пеп Гвардиола (53) го проаѓа најтешкиот период оваа сезона во неговата блескава тренерска кариера. Ноември бешее,најлошиот месец откако се занимава со оваа работа, а на истиот начин продолжи и во актуелниот декември. Победи само против Нотингем во првенството, изгуби дерби кај Ливерпул и освои само бод против Палас.

Освен што актуелниот шампион на Англија заостанува зад водечкиот Ливерпул за осум бода, се доведе во тешка позиција и во Лигата на шампионите. Таму, поразот од Јувентус две кола пред крајот на лигашкиот дел, го спушти на само 22. место, само две позиции над цртата за премин во бараж за нокаут-фазата.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


По поразот кај Јувентус, тренерот на Сити остро го критикуваше друг тренерски великан,. Фабио Капело (78), кој го водеше Милан до четири италијански и еден европски трофеј, мо го освои Скудетото и со Рома. Реал со него двапати беше шампион на Шпанија.

„Гвардиола е голем тренер, но е премногу арогантен и егоистичен. Тој дури и изгуби трофеи затоа што сакаше да докаже дека ги освојува само тој, а не играчите. Затоа во големите натпревари ги изоставуваше клучните играчи од составот. Тоа е негов обид да ги одземе заслугите и вниманието на јавноста од играчите.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед со крената глава заминува од Енфилд🎥

Манчестер Јунајтед одигра храбро на гостувањето кај лидерот Ливерпул, остана непоразен и з…