Дома Фудбал УЕФА жестоко ја казни Србија!

УЕФА жестоко ја казни Србија!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) жестоко го казни Фудбалскиот сојуз на Србија. Србите ќе мораат да платат 173.000 евра во касата на европската фудбалска куќа, а делумно се затвораат и трибините за следните две домашни натпревари.

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација жестоко го казни вечерва Фудбалскиот сојуз на Србија. Вкупната казна е 173.000 евра, а ќе има и затворање на трибини.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За натпреварот одржан на 15ти ноември против Швајцарија во Цирих, ќе се плати 119.750 евра од страна на Фудбалскиот сојуз на Србија. Причините се сосем очекувани.

УЕФА истакна дека казната е заради палење бакли, фрлање предмети на теренот, правење штета на стадионот и скандирања кои не се примерни за спортски настан.

Исто така, поради инцидентите на овој натпревар, Фудбалскиот сојуз доби забрана за продажба на билети на навивачите за следните две гостувачки натпревари.

Тоа значи дека Србите нема да имаат гостински навивачи во плејофот на Лигата на нации против Австрија. Однесувањето на навивачите на Орлите беше означено како расистичко и дискриминаторно.

Србија е казнета и за лошата организација на натпреварот со Данска во Лесковец. Вкупната казна е 53.250 евра.

Причините за казната се скоро исти како и за Швајцарија. Се работи за палење бакли, упад на навивачи на теренот и дискриминаторно однесување на навивачите.

Поради тоа е активирана условната казна што ја добија претходно, па на следните два натпревари Србите ќе го намалат капацитетот на стадионот.

На првиот натпревар против Австрија ќе мора да го намалат капацитетот за 4.000 места, а потоа на еден од натпреварите за квалификациите за Светското првенство за 8.000.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Не сум ниту навивач, ниту Србин, но тоа што и го направија на Звезда е срамно – овој човек постојано прави инциденти“

Бурно реакции во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанец кој го водеше нат…