Дома Останати Кошарка „Бомба“ во НБА-лигата: Батлер го напушта Мајами и се сели на Запад

„Бомба“ во НБА-лигата: Батлер го напушта Мајами и се сели на Запад

Мајами Хит е подготвен да го трејдува својот најдобар кошаркар Џими Батлер, објави добро информираниот Шемс Чаранија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Батлер поради проблеми со повреди прескокна голем број натпревари и одигра само 17 за Мајами оваа сезона. Во просек бележеше 19 поени, 5,4 скока и 4,8 асистенции.

Кога е здрав, Батлер е еден од најдобрите играчи во лигата, но има 35 години и оваа сезона заработува 48,8 милиони долари. Тој ќе одлучи дали договорот ќе се продолжи на уште една година за коj би заработил 54,4 милиони долари.

Поради честите повреди и ослободувањето на буџетот, тимот на Мајами сериозно размислува да се ослободи од него, а како најсериозен за да го доведе во некоја размена се спомнува Далас, кој со Батлер, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, би го комплетирал „мозаикот“ и би го добил токму она што му недостасува за да освои шампионска титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Во Мајами не простуваат: Вработениот кој погреши со објавата на Леброн добил отказ!

Имено, беше најавен пренос во живо закажан за 27 јули, настан насловен како прес-конференц…