Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), службено со 0:3 во корист на гостинската екипа го регистрираше натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Скопје од 15. коло во Втора МФЛ.
Мечот во Македонска Каменица беше прекинат во 71. минута при резултат 1:1. Исто така, комисијата донесе одлука за суспензија натеренот на ФК Каменица Саса во Македонска Каменица за одигрување на натпревари. Одлуката е во сила се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Одлуките на Комисијата за натпревари се донесени врз основа на извештаите на официјалните лица од натпреварот (судии и делегат). Натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Скопје беше прекинат поради вербален и физички напад на претставници на гостинската екипи.
Комисијата за натпревари во рамки на ФФМ, исто така, го предаде на дисциплинска комисија тимот на ФК Башкими. За евентуални санкции за екипата од Куманово ќе решава дисциплинската комисија на ФФМ поради лоша организација на мечот ФК Башкими – ФК Брегалница од 15. коло во Втора МФЛ.