Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона сериозно има намера да го донесе 24-годишниот фудбалер Џонатан Дејвид, напаѓачот на Лил. На крајот од актуелната сезона Дејвид завршува договорот со францускиот клуб, а во Барселона го гледаат како долгорочна замена за полскиот централен напаѓач Роберт Левандовски.
Се нагласува дека Барселона во таа трка треба да ги победи првенствено два англиски премиерлигаши, Арсенал и Манчестер Јунајтед. Од 2018 до 2020 година, Дејвид играше за белгискиот Гент, по што премина во Лил. За време на кариерата одигра 59 натпревари за канадската репрезентација, за која постигна 31 гол. Оваа сезона Дејвид е повторно еден од најдобрите играчи на француската лига, а моментално со 11 погодоци е прв стрелец во првенството.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Претходно се пишуваше дека Барселона за доведувањето на Дејвид не би требало да потроши ниту цент бидејќи ќе дојде како слободен играч. Целата зделка би вредела околу 80 милиони евра, колку што би барал за плата и бонуси во четиригодишниот договор.