Дома Фудбал Oд Штутгарт повторно удрија по Звезда: УЕФА мора да реагира, тоа е неприфатливо!

Oд Штутгарт повторно удрија по Звезда: УЕФА мора да реагира, тоа е неприфатливо!

Извршниот директор на Штутгарт Александар Верле даде интервју за германските медиуми во кое повторно зборуваше за Црвена Звезда, односно за проблемите со кои се соочиле навивачите на Швабите на патот до Белград и при самото доаѓање!

Верле за печатеното издание на весникот „Kicker“ детално објасни што се случило со навивачите на Штутгарт и спомна дека УЕФА треба да реагира во овој случај.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


– Помалите автобуси беа застанувани и несразмерно проверувани. Мажи и жени биле соблечени до кожа само затоа што биле фудбалски навивачи. Околу 700 навивачи биле враќани на границата – рече Верле и додаде:

– Остатокот од навивачите кои успеале да влезат на стадионот беа задржани во гостинскиот сектор повеќе од два часа по последниот свиреж. Не им дозволија да одат во ВЦ ниту да купат храна или пијалок. Тоа е неприфатливо.

Верле продолжи за истата тема.

– Овие прашања треба да се земат предвид во лиценцирањето на УЕФА. Секој клуб што учествува во натпреварувањето треба да обезбеди минимални стандарди. Тоа вклучува разумна влезна ситуација, како и хумана соработка на стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Станковиќ збесна: Се расправаше со новинар на три јазици, па му порача – ти си смрдеж! (Видео)

Поранешниот тренер на московски Спартак, Дејан Станковиќ, стана тема на денот на социјални…