Дома Фудбал Ужасен почеток на Мота: Јувентус само еднаш бил полош во последните 14 години

Ужасен почеток на Мота: Јувентус само еднаш бил полош во последните 14 години

Во италијанското првенство се одиграа 15 натпревари, а Јувентус е единствениот тим од Серија А кој досега не е поразен. И покрај тоа, ова е ужасен почеток на сезоната за клубот во последно време затоа што во изминатите 14 години само еднаш имал помалку бодови после толку одиграни натпревари.

Екипата на Јувентус досега во 15 средби победи шестпати, но дури девет пати одигра нерешено и затоа е на шестото место на табелата со 27 бодови. Има седум бодови помалку зад водечкиот Аталанта. Како што пишува „Газета дело Спорт“, Јувентус во последните 14 години само во сезоната 2021/22 имаше помалку бодови после 15 натпревари во однос на она што го направи во актуелното првенство.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Тимот од Торино тогаш го водеше Масимилијано Алегри и освоиле 24 бодови по седум победи, три нерешени и пет порази. Таа сезона Јувентус ја заврши како четврти тим во Серија А со 70 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Тажен сум“ – Милан со еден потег го разочарал Хрватот Бобан

Милан ќе го прослави јубилејот за време на натпреварот со Џенова во Серија А, а Хрватот Зв…