Дома Фудбал Палмер постави нов рекорд: Челси е кандидат за титулата во Премиер лигата (Видео)

Палмер постави нов рекорд: Челси е кандидат за титулата во Премиер лигата (Видео)

Челси во спектакуларен натпревар го победи градскиот ривал Тотенхем на гостување. Беше 4:3 за „Сините“ кои се вратија по 0-2 предноста на Тотенхем.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Енцо Мареска го прероди Челси. Тимот на италијанскиот стратег игра одличен фудбал и заедно со Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити, ќе се бори за титулата.

Катастрофално започна мечот за Сините против големиот ривал Тотенхем. По само 11 минути игра имаа негатива од два гола.

Виновен беше несреќниот Марк Кукурела. Шпанецот двапати се лизна поради лоши копачки и подаруваше две шанси на Спарите, кои тоа го искористија.

Во петтата минута Џонсон ја одзема топката по лизгањето на Шпанецот, ја упати до Доминик Соланке кој постигна гол за 1:0.

Шест минути подоцна, повторно Кукурела придонесе за гол на домаќините. Поро беше асистент, а реализатор Дејан Кулушевски за 2:0.

Веднаш дефанзивецот на Челси ги промени копачките и избегна катастрофа, за во 17. минута Сините да се вратат во натпреварот. Џејдон Санчо постигна гол на асистенција на Кукурела за 2:1.

На 2:2 израмни Кол Палмер. Бисума направи пенал, а одличниот офанзивец на „Сините“ стрелаше за изедначување. Пресвртот за Челси стигна во 74. минута, кога Енцо Фернандез постигна гол за 3:2.

Точка на овој натпревар беше поставена во 84. минута. Нов пенал за кој Сар беше виновник, а повторно во погодок го претвора Палмер за 4:2. Конечниот резултат беше поставен во 97. минута кога Сон стрелаше за 4:3.

Лобот на Кол Палмер од белата точка значи дека сега постигна најмногу пенали без промашување во историјата на Премиер лигата, односно 12 последователни пенали, еден повеќе од Јаја Туре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eмери вчера влезе во одбрано друштво и се изедначи со Мурињо, Трапатони и Анчелоти!

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, се запиша во историјата на УЕФА како четвртиот тренер…