Дома Фудбал Навивачите бесни: Погледнете што правеше Онана во моментите додека секоја секунда за Манчестер јунајтед беше важна (Видео)

Навивачите бесни: Погледнете што правеше Онана во моментите додека секоја секунда за Манчестер јунајтед беше важна (Видео)

Во последниот саботен натпревар од 15. коло на англиската Премиер лига, фудбалерите на Нотингем Форест го совладаа Манчестер Јунајтед со 3:2 на „Олд Трафорд“. Најслабата оценка на натпреварот (5.1) „Sofascore “му ја даде на голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана. Камерунскиот голман требаше да реагира подобро при вториот примлен гол и можеше да биде подобар при третиот, но посебно се истакнува тоа што го направи во судиското продолжение кога неговиот тим имаше потреба од секоја секунда.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Наместо да ја искористи секоја преостаната секунда за изведување на слободниот удар и така да ја внесе својата екипа во шанса, Онана успеа да потроши околу 30 секунди во обид да „украде“ неколку метри додека судијата го враќаше на местото од кое тој слободен удар мора да се изведе.

Комбинацијата на примениот гол и циркусот на крајот од натпреварот ги натера навивачите да го наречат „кловн“, побараа да го напушти клубот, се прашаа „дали Онана е алергичен на топка?“, и заклучија дека „веројатно беше задоволен со резултатот“ и дека „едноставно е глупав“.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот в…