Дома Останати Кошарка НБА-кошаркар се изнервира и ги „поздрави“ судиите со – среден прст (Видео)

НБА-кошаркар се изнервира и ги „поздрави“ судиите со – среден прст (Видео)

Тимот Сан Антонио Спарс не е ист со и без Грег Попович, легендарниот тренер на клубот и НБА лигата кој неодамна доживеа мозочен удар. Сега Мич Џонсон ја врши неговата работа и му оди коректно бидејќи екипата има скор 11-12.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Минатата ноќ претрпеа убедлив пораз од Сакраменто Кингс 113-140, бидејќи гостите имаа дури четири играчи со 20 и повеќе поени. Дерозан постигна 23, додека Фокс, Монк и Сабонис додадоа по 22, со 16 скока на Литванецот.

„Шоуто“, сепак го украде Зек Колинс со неговиот среден прст. Тој и претходно беше познат како контроверзен играч, кога во февруари предизвика инцидент со Донован Мичел. Сега не можеше да се помири со тоа што беше исклучен, па со простачки потег насочен кон судијата си направи уште поголеми проблеми, односно го очекува казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дивац не можеше повеќе да молчи: Еве зошто не го избрав Дончиќ

Со години американските и европските медиуми зборуваат за катастрофалниот потег на Владе Д…