Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го најави натпреварот кој утренеговиот тим ќе го игра против Жирона во рамките на 16. коло од шпанското првенство. Дел од прес-конференцијата ја искористи и за пресметка со новинарите. Шпанските медиуми повеќепати негативно пишуваа за Реал и доведуваа во прашање дали Анчелоти сè уште е најдоброто решение на тренерската позиција. Веќе второто прашање на денешната прес-конференција беше за критиките.
“Критиките се нормални бидејќи тимот не игра најдобро и јас тие критики морам да ги прифатам. Тренерот е тој кој е најодговорен. Сега кога го кажав тоа, ќе кажам и дека ме удирате премногу. Можеби ви здосадив. Но, мене оваа работа не ми здосадила”, рече тренерот на Реал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
И додека ги прифаќа критиките, Анчелоти не се согласува со атмосферата која се создава.
“Сè е во ред, не сме погреб. Сè уште сме во борба. Мораме да бидеме оптимисти и да веруваме дека можеме да ги решиме проблемите кои ги имаме. Имаме добар и квалитетен тим. А вашите удари… Дали сте вие тие што удирате? Понекогаш читам што пишувате. Ги читам критиките, но не сум сигурен кој ги пишува. Ако ме прашате кои удари најмногу болат, тоа се тие што се лични”, рече и додаде:
“Тоа се удари кои удираат на идентитетот, на тоа кој сте и што сте. Голема е разликата кога на некого му велите дека е глупав или дека кажал нешто глупаво. Тоа е она што ме нервира.”