Дома Фудбал Фудбалерките доживеаа дебакл во вториот натпревар со Црна Гора

Фудбалерките доживеаа дебакл во вториот натпревар со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје ги одигра двата контролни натпревари против Црна Гора.

На првиот контролен дуел помеѓу овие две селекции, Македонија забележа победа со 3:2. Симона Мејер, Гентјана Роџи и Улза Максути се запишаа во листата на стрелци за Македонија.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


На втората контролна пресметка помеѓу овие две репрезентации, Црна Гора забележа победа со 5:1 Единствениот погодок за нашата селекција беше дело на Јилза Максути.

Нашата најдобра женска репрезентација на 21. февруари против Косово на домашен терен го започнува настапот во новото, второ по ред издание на Лигата на Нации 2025 година. 

Покрај Македонија и Косово, во групата 6 од Ц дивизијатас се наоѓа и селекцијата на Летонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германскиот репортер го изнервира капитенот на Баерн

Мануел Нојер не успеа да ја зачува мрежата на Баерн недопрена во вторникот вечерта при гос…