Дома Фудбал Миовски во тимот на месецот во Примера

Миовски во тимот на месецот во Примера

Македонскиот репрезнетативец Бојан Миовски во последно време игра одлично во дресот на Џирона.

Неговата извонредна форма во шпанската Ла Лига резултираше уште со едно големо признание – избор во идеалниот тим на месецот за ноември.

Помеѓу најдобрите 11 Миовски доби место најмногу поради неговиот настап против Еспањол во кој постигна два гола и запиша една асистенција во победата од 4-1.

Во нападот, Миовски го дели местото со хрватскиот напаѓач Анте Будимир од Осасуна, додека средниот ред го предводат две од најголемите имиња на Барселона, Дани Олмо и Рафиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе го напушта кампот на Франција поради повреда: „Не изгледа добро“

Килијан Мбапе ќе го напушти кампот на француската репрезентација поради повреда, а првични…