Екипата на Ливерпул игра одлично од почетокот на сезоната. Тимот е првопласиран во Премиер лигата со осум бода предност пред Манчестер сити и Брајтон кој има натпревар повеќе, додека во Лигата на шампионите тие се единствената екипа со максимални пет победи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Но, сега по дербито со Реал Мадрид Слот се соочи со проблем. Имено, во тој дуел се повреди дефанзивецот, Ибрахим Конате, а тестовите покажале дека ќе мора да паузира најмалку пет-шест недели.
Тоа значи дека ќе ги пропушти следните десет натпревари на Ливерпул кој овој тим ќе ги одигра во наредниот месец ипол.
Ливерпул утре игра против Манчестер сити, а потоа до 5 јануари кога го чека ново дерби со Манчестер јунајтед ќе игра со:Њукасл, Евертон, Жирона (ЛШ), Фулам, Саутемптон (Лига куп), Тотнем, Лестер и Вест Хем.
Во овие натпревари на местото на Конате се очекува да играат Џо Гомез и Џарел Кванс.