Македонската фудбалска репрезентација го подобри својот пласман на ранкингот на Светската фудбалска федерација и до следниот ќе биде на 67-то место.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овој напредок на Македонија доаѓа по двете победи во Лигата на нации над Летонија и Фарски Острови.
На врвот на ранкингот останува Аргентина, со мала предност во однос на Франција, а во Топ 5 уште се и Шпанија, Англија и Бразил.
Германија се врати во Топ 10 како десетта најдобра селекција, а веднаш зад неа е Уругвај, јужноамериканската селекција која напредуваше три позиции и дојде до 11. место на ФИФА ранкингот.