Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест.
Гомез доби двегодишна суспензија и забрана за настап бидејќи во неговото тело беше пронајден тербуталин, кој не е дозволен за спортистите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тестирањето било направено неколку недели пред Светското првенство каде што Гомез со Аргентина стигна до светската титула. Денес тој тренира со нисколигаши и се надева на ангажман и има желба да се врати на терените на виссоко ниво.
„Пред неколку дена стигнав во Мадрид во посета на своите пријатели кои повикаа да останам тука и да тренирам, среќен сум поради тоа. Ми се допаѓаат условите тука и се надевам дека наскоро ќе пронајдам ангажман. Ќе изберам добар клуб и добар град за живот на семејството. Никогаш не сум имал поголеми повреди и добро се грижев за себе, верувам дека можам да играм уште неколку години“, изјави Арргентинецот.
Во кариерата Гомез го носеше дресот на: Арсенал Саранди, Сан Лоренцо, Катанија, Металист, Аталанта и Севиља.