Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, објави „Барса Универзал“.
17-годишниот шпански репрезентативец ќе потпише нов договор на шест години, кога ќе наполни 18 години идното лето. Во договорот ќе биде ставена клаузула со која оној кој сака да го откупи, ќе мора да плати најмалку 1 милијарда евра.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Јамал официјално беше прогласен за најдобар млад фудбалер на светот, а Барса минатото лето одби 250 милиони евра за негов трансфер.
Јамал е еден од најголемите таленти во светот и Барса сака иднината да ја гради на него.