Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроација Куп“ пред Европското првенство (ЕП).
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
После првото полувреме Хрватките имаа позитива од шест голови разлика (14:8).
Во второто полувреме продолжи доминацијата на Хрватска, која играше одлично во нападот, но и одбраната, а на крајот триумфира со 26-18.
Најефикасна во нашите редови беше Младеновска со три голови, по два имаа Дамјаноска, Ристовска, Седлоска и Кипријановска.