Дома Фудбал Англија Во Челзи помина 18 години, а сега заминува поради Тухел

Во Челзи помина 18 години, а сега заминува поради Тухел

Хенрике Хиларио, Португалецот кој во редовите на Челзи помина 18 години го напушта клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во редовите на Челзи Хиларио пристигна во 2006 година како активен голман и под водство на Мурињо имаше улога на трет чувар на мрежата зад Петар Чех и Карло Кудичини.

Улога на голман во Челзи имаше речиси една деценија, а се повлече во 2014 година. Веднаш започна и кариера како тренер на голманите.

Сега го напушта Челзи за оваа улога да ја извршува во репрезентацијата на Англија каде што пристигнува на повик од Томас Тухел. Очигледно Тухел и Хиларио имале одлична соработка во Лондон додека Германецот беше предвовник на „сините“, па сега сакаат истата да ја продолжат.

Челзи не дозволил Хиларио да има две улоги паралелно, па поради тоа тој ќе го напушти клубот. Со работа во Англија ќе започне заедно со Тухел на кого договорот му стартува од 1 јануари 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Деко се врати од Англија во Барселона: Доби големо „ДА“ од одличен напаѓач

Спортскиот директор на Барселона, Деко, престојуваше во Лондон, каде што имаше средба со а…