Тренер на Челзи, Антонио Конте, денес излезе со изјава во медиумите откако вчера се појавија информации дека во клубот од Лондон не се задоволни од неговата работа, поточно од интезитетот на тренинзите.
Според Конте играчите се преморени поради „невозможниот“ распоред на натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој изјави дека екипата тренира 70% помалку отколку минатата сезона во која Челзи ја освои титулата, но не играше во европските натпреварувања.
Челзи не победи на последните три натпревари, изгуби од Манчестер Сити и Кристал Палас во Премиер лигата и одигра нерешено 3:3 против Рома во Лигата на шампионите.
Конте смета дека екипата е во лоша форма поради густиот распоред и недостатокот на време за припреми.
„Кога играш на секои три дена невозможно е целосно да се подготвиш на тактички и физички план. Немаме доволно време се посветиме на тренинзите“, изјави Конте.
Во овој момент на листата повредени во Челзи, се Нголо Канте, Дени Дринквотер и Виктор Мозес.