Фудбалерот на Реал Мадрид, Едер Милитао денеска беше опериран на коленото и се очекува да се врати на терените за околу девет месеци.
Шпански „АС“ објави дека операцијата поминала добро, Десет дена откако дефанзивецот ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено и го повредил менискусот на натпреварот против Осасуна на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се очекува 26-годишниот бразилски фудбалер следното лето да биде подготвен за подготовките за нареднатаа сезона.
Милитао го пропушти поголемиот дел од минатата сезона откако на првиот натпревар ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено и сега повторно ја заработи истата повреда.