Дома Фудбал Останато Палмеирас не го сака Нејмар: Ние не сме болница

Палмеирас не го сака Нејмар: Ние не сме болница

Првиот човек на бразилскиот гигант Палмеирас, претседателката Леила Переира јавно ги демантираше гласините дека клубот е заинтересиран да го доведе Нејмар.

Кариерата на Нејмар се движи по надолна линија најмногу поради повредите. Откако се врати на теренот по паузата од една година, повторно се повреди на првиот натпревар за Ал Хилал. 

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Бразилецот потпиша двегодишен договор вреден неверојатни 300 милиони евра, но на терено беше на само шест натпревари. Останатиот период Нејмар е повреден, па затоа од Ал Хилал сакаат да го продадат во зимскиот преоден рок.

„Не знам дали ќе потпие договор со Сантос, треба нив да ги прашате. Ова не е вистинската адреса кога се зборува за враќање на Нејмар во Бразил. Нејмар нема да потпише за Палмеирас, ние не сме болница“, изјави претседателката Леила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Крос соработуваше со Зидан и Анчелоти, јасно кажа кој од двајцата за него е подобар

Тони Крос за време на својот престој во Реал Мадрид освои речиси сè што можеше и имаше изв…