Дома Фудбал Младата суперѕвезда доби телефон од злато (ФОТО)

Младата суперѕвезда доби телефон од злато (ФОТО)

Младата шпанска суперѕвезда, Ламин Јамал доби необичен подарок, телефон со златна футрола.

Јамал доби златен iPhone вреден 12.000 евра, а се е дизајнирано и платено од неговиот соиграч Рафиња.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Рафиња сакаше да изненади пријател и соиграч откако Јамал ја освои наградата за најдобар млад фудбалер на светот.

„Рафиња му подари на Јамал iPhone направен од злато и тој беше воодушевен. Тоа беше знак за нивното пријателство и надвор и на теренот и подарок по церемонијата на доделување на Златната топка каде Јамал беше прогласен за најдобар млад играч во светот.

Рафиња нарача телефон специјално за Јамал, создаден од „I Design Gold“ и персонализиран според неговите желби, со неговото име врежано на задната страна“, напиша британски The Sun, повикувајќи се на неименуван извор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн го објасни мистериозниот потег на мечот против Реал на „Сантијаго Бернабеу“

Хари Кејн го разјасни мистериозниот момент по натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Б…