Реал Мадрид има сериозни проблеми со повредени фудбалери и примарна цел во јануари ќе биде засилување на одбраната.
Давид Алаба, Хезус Ваљехо, Дани Карвахал и Едер Милитао се мачат со повреди, па „кралскиот“ клуб сака во јануари да донесе врвен дефанзивец.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Според францускиот „Le 10 Sport“, Реал Мадрид го означил стоперот на Арсенал, Вилијам Салиба како примарна трансфер цел.
Салиба веќе две сезони игра фантастично во дресот на Арсенал и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата.
Французинот е отворен за преселба во Реал Мадрид, а „кралевите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
🚨 William Saliba is open to the interest of Real Madrid! 🇫🇷
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 12, 2024
The Madrid club are considering making a move for Arsenal's defender.
(Source: @Le10Sport) pic.twitter.com/icRgaDDGcY