Дома Фудбал Останато Бизарна сцена ги налути Аргентинците: Јутјубер доби прилика за настап, па беше заменет за помалку од минута 🎥

Бизарна сцена ги налути Аргентинците: Јутјубер доби прилика за настап, па беше заменет за помалку од минута 🎥

Бизарна ситуација се случи во аргентинското првенство, а истата ги налути медиумите во оваа земја и ја опишуваат како „циркус“ и „непочитување на фудбалот“.

Во центарот на вниманието се најде аргентинскиот јутјбе, Иван Бухарерук кој има прекар „Spreen“. Станува збор за ѕвезда на социјалните мрежи и само на Инстаграм го следат 5.4 милиони луѓе, додека неговиот „јутјуб“ канал брои 7.75 милиони претплатници.


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Тој доби да одигра неколку секунди во натпреварот помеѓу Депортиво Риестере и Велез. Тренерот на Депортиво го смести во нападот каде што не помина ниту една минута пред да го замени со Густваро Фернандез.

Таквиот потег на тренерот Фабијани ги разбеснил медиумите и новинарите во Аргентина.

„Публиката беше во шок, не смееме да дозволуваме вакви работи. Најбрзата промена во аргентинскиот фудбал ќе се памети како маркетиншки потег на натпреварот помеѓу лидерот на табелата и деветопласирана екипа. Никогаш не сум видел вакво нешто. Срамота“, зборуваше коментаторот на „TYS Sports“ во преносот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Oфицијално: Рома го доведе Раниери кој нема да биде само тренер

Oд редовите на Рома попладнево го потврдија ангажманот на Клаудио Раниери кој во Рим нема …