Дома Топ вести Најстариот фудбалер во светот не планира да застане: Ќе ја игра и својата 40-та сезона во кариерата

Најстариот фудбалер во светот не планира да застане: Ќе ја игра и својата 40-та сезона во кариерата

Поранешниот јапонски репрезентативец, 57-годишниот Казујоши Миура најави дека ќе игра фудбал и во наредната сезона со што ќе ја одигра својата 40. јубилејна сезона во кариерата.

Во овој момент го носи дресот на Атлетико Сузуки кој се натпреварува во четвртата јапонска лига и тоа како позајмен фудбалер од Јокохама која е во втората лига.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Не планирам да одам во пензија. Мојата страст кон играта се уште е како и порано“, изјави Миура кој дебитираше за бразилскиот Сантос уште во 1986 година. Низ кариерата играше во клубови од Хрватска, Јапонија, Италија и Австралија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер го доведе првото засилување за следната сезона

Џузепе Марота не чека, туку е тука првиот играч кој пристигнува во Интер! Клубот од Милано…