Дома Топ вести Милан тргнува по најголемиот аргентински талент

Милан тргнува по најголемиот аргентински талент

Милан е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренцијата за неговиот потпис.

Станува збор за 16-годишниот ас на Ривер Плата, Франко Мастантуоно, кој веќе го привлече вниманието на многу евроспки гиганти.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Скаутите на Милан веќе подолго време во живо ги следат настапите на младиот Аргентинец и веќе работат на трансферот.

Мастантуоно веќе неколку месеци е дел од првиот тим на Ривер и тоа беше доволно да го привлече вниманието на себе, а клазулата која сега ја има во договорот изнесува 45 милиони евра.

Милан ќе се обиде да го договори трансферот во јануари и да го остави во Ривер на позајмица додека Аргентинецот не наполни 18 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…