Дома Останати Кошарка Мекејлеб се враќа во Македонија и тоа во клуб од Гевгелија?!

Мекејлеб се враќа во Македонија и тоа во клуб од Гевгелија?!

Поранешната прва ѕвезда на македонската кошаркарска репрезентација, Лестер Бо Мекејлеб сеуште е без клуб, но како што сега стојат работите наскоро би можел да се врати на паркетот.

Мекејлеб минатата сезона ја помина во дресот на Гран Канари, а според последните информации тој наскоро би можел да го облече дресот на Болктехна од Гевгелија, пренесува весникот „Спорт“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Боктехна во новата сезона има големи амбиции, а тоа го покажа и со доведувањето на Марко Дујковиќ кој минатата сезона настапуваше за Металац.

Човекот кој беше предвник на најголемиот успех на македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во Литванија во својата кариера настапуваше уште за Мерсин, Монтепаски, Партизан, Фенербахче, Баерн и Лимож.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Готово: Најтрофејниот клуб во НБА лигата се продава за шест милијарди долари!

Управниот одбор на НБА лигата го одобри преземањето на Бостон Селтикс од страна на група и…