Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за дефанзивецот на РБ Лајпциг, Кастело Лукеба.
Кралскиот клуб испратил свои скаути во живо да ги следат настапите на Французинот во Лигата на шампионите, открива „Марка“.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Од „Сантијаго Бернабеу“ веќе размислуваат за засилување на одбраната следното лето, а Лукеба е едно од имињата кои се на списокот.
21-годишниот талент со добрите игри стигна и до француската репрезентација и оваа сезона го покажува својот потенцијал.
Лукеба минатата беше купен од Лајпциг за 34 милиони евра, но неговата цена драстично порасна.