Спортинг изненадувачки го победи Манчестер Сити со 4:1 во Лисабон во четвртото коло од Лигата на шампионите.
Избраниците на тренерот Пеп Гвардиола поведоа во четвртата минута со голот на Фил Фоден, но Спортинг направи пресврт со головите на Виктор Ѓекерес во 38., 49. и 81. минута и Максимилијан Араухо во 46. минута.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Ова беше трет последователен пораз за клубот од Манчестер, што му се случи за прв пат по 2018 година.
Пред Спортинг загуби од Бормут во Премиер лигата (2:1) и Тотенхем во Лига Купот (2:1). Гвардиола даде изјава за ТНТ Спортс по натпреварот во Португалија.
„Не можете да кажете многу откако ќе изгубите 4:1. Честитки за Спортинг. Одигравме фантастично прво полувреме, но се мачевме да постигнеме гол. Создаваме шанси и примаме голови. Бевме навистина добри во првото полувреме, постигнавме гол, но ни недостигаа мали нешта. Не бевме доволно емотивно стабилни, а во ова натпреварување мора да бидете. На 2:1 може многу да се случи“, изјави Гвардиола.