Екипата на Шкупи има променливи резултати од почетокот на сезоната и покрај големите очекувања и засилувањата кои пристигнаа во текот на летото.
Чаичрани сега се одлучија да направат промена во оперативниот дел, па така во клубот се враќа Ндерим Неџипи. Истата функција Неџепи ја извршуваше и во Балкани, а последниот ангажман му беше во турската Маниса.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Своевремено Неџипи токму во Чаир ги направи првите фудбалски чекори за подоцна да настапува во: Херта, Волфсбург, Вардар, Работнички, Карабах, Шкендија…