Дома Останати Кошарка Нов ШОК во НБА! – Крај на сезоната за поранешната НБА ѕвезда, во прашање доведена и неговата кариера?! (Видео)

Нов ШОК во НБА! – Крај на сезоната за поранешната НБА ѕвезда, во прашање доведена и неговата кариера?! (Видео)

НБА сезоната само што започна, а веќе се соочивме со ве страшни повреди на кошаркари кои се важен дел од својот тим.

Откако Гордон Хејворд заработи хорор повреда против Кливленд, поради која ја заврши и сезоната, натпреварувањето е завршено и за кошаркарот кој некогаш можеби и беше најпопуларен кошаркар во лигата, Џереми Лин.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лин во натпреварот против Индијана после еден незгоден доскок, заработи пукнатина на тетивата на коленото поради што утрово беше опериран и ќе ја пропушти целата сезона, но можеби ова значи и крај на неговата кариера.

„Многу работи е потребно да се утврдат. Пред се потребно е да се излечи тетивата, потоа мора да се доведе во состојба на иста еластичност како и претходно…Ако се земе предвид движењето на спортистите и она што го прават, рехабилитацијата ќе трае прилично долг период. Можеби некој очекува Лин повторно да биде 100% спремен, но прашање е дали воопшто некогаш тој ќе може да го извлече максимумот од своето колено“, изјави докторот кој ја изврши операцијата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ: Коленото ми беше полошо, не можев и да дишам…

Лука Дончиќ го водеше Далас до нова победа победа против Клиперс со која Мавс го вратија в…