Дома Фудбал Репрезентации Mиовски изнуди пенал за Жирона, но тоа може да биде проблем за Македонија

Mиовски изнуди пенал за Жирона, но тоа може да биде проблем за Македонија

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски во 60. минута изнуди пенал за Жирона откако беше фаулиран на линијата на шеснаесетникот, а токму Стуани влезе во игра на местото на Македонецот да го изведе пеналот.

Специјалистот за пенали беше сигурен од белата точка и донесе предност за Жирона од 3:2.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Но, она што може нас да не загрижува е начинот на кој Миовски го напушти натпреварот.

Македонскиот голгетер поткривнуваше во моментите додека излегуваше од теренот и тоа може да биде потенцијален проблем за Македонија пред последните два натпревари од Лигата на Нации против Летонија и Фарски Острови овој месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Урнебесна реакција на Гвардиол откако промаши шанса за гол

*/wp:paragraph –> ЈОШКО ГВАРДИОЛ играше до 80-та минута на натпреварот од првото кол…