На Стивен Џерард не му оди и легендата на Ливерпул од играчките денови е под голем притисок од навивачите кои бараат смена на клупата.
Резултатите на тимот се разочарувачки, а критиките посебно се зголемија по поразот кој го доживеа овој клуб од просечен второлигаш во земјата.
Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
„Стивен е одамна пропаднат тренер. Фрливме пари на него, а сега чека да го избркаме, за да ни ги собере парите и да замине на одмор. Не е загрижен ниту за клубот, ниту за резултатите. Ќе ги земе парите и ќе се врати во Англија“, велат навивачите.
Џерард како и најголем дел од познатите европски имиња во Саудиска Арабија се преселија за богат договор и има плата од 15 милиони фунти по сезона, па така во случај на отказ би добил огромна оштета.
На 46 натпревари колку што вкупно е на клупата, Ал Ерифак има учинок од 17 победи, 14 нерешени натпревари и 15 порази.