Дома Останати Тенис Алкараз испадна од Мастерсот во Париз

Алкараз испадна од Мастерсот во Париз

Францускиот тенисер Уго Хамберт се пласираше во четвртфиналето на Мастерс 1000 АТП турнирот што се игра во париската сала Берси, откако изненадувачки го совлада вториот играч во светот, Шпанецот Карлос Алкараз со 6:1, 3:6, 7:5 во натпреварот од 3.коло.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во четвртфиналето Хамберт ќе игра против Австралиецот Џордан Томпсон, кој претходно во четвртокот со 7:5, 7:6 (5) го победи сонародникот, Адријан Манарин.

Во четвртфиналето победи и Данецот Холгер Рун кој го совлада Французинот Артур Казу со 3:6, 6:3, 6:4. Следен противник ќе му биде Австралиецот Алекс Де Минаур, кој беше подобар од Британецот Џек Дрејпер со 6:4, 3:6, 6:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ го споредија со Макрон, погледнете како реагираше (Видео)

Најголемиот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, уште еднаш го покажа својот хумор доде…