Доделувањето на „Златна топка“ помина во сенка на бојкотот на Реал Мадрид кој реши да ја бојкотира церемонијата поради тоа што освојувач на признанието не беше Винисиус Јуниор.
Во клубот тоа го дознаа на денот на доделувањето на наградата на „Франс Фудбал“ и неколку часа пред церемонијата одлучија дека никој од клубот нема да присуствува на гала вечерта во Париз.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Реал не беше задоволен иако Карло Анчелоти на таа церемонија беше прогласен за тренер на сезоната додека Килијан Мбапе требаше со Хари Кејн да го подели Трофејот „Герд Милер“ за играчот кој постигнал најмногу голови минатата сезона.
Иако се шпекулираше дека тоа било наредба на претседателот Флорентино Перез, сепак зад одлуката на стои тренерот Карло Анчелоти, пренесуваат шпанските медиуми.