Шпанската фудбалска федерација ги одложи натпреварите на Валенсија и Леванте кои требаше да играат денеска во Копа дел Реј,
Валенсија требаше да игра во Мадрид против нисколигашот Парла Ескуела, додека Леванте исто така имаше гостински натпревар против Понтеведра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Федерацијата експресно реагираше и по барање на клубовите да се одлжат средбите поради големите поплави кои однесоа над 50 човечки животи. Вистински ужас и хаос е на автопатите каде што има превртени автомобили.
Исто така засега неизвесно е и одигрувањето на натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид кој треба да се игра на „Местаља“ в сабота од 21:00 часот.