Дома Фудбал Останато Сколс не е среќен со изборот на Манчестер Јунајтед, посочи двајца други тренери

Сколс не е среќен со изборот на Манчестер Јунајтед, посочи двајца други тренери

Maнчестер Јунајтед вчера го отпушти Ерик Тен Хаг, а набрзо потоа и тргна по интезивна потрага по негов наследник.

Како прво име се издвои Рубен Аморим на кого му оди одлично во Спортинг, но јавноста потсетува и дека слична беше ситуацијата со Тен Хаг кој беше најдобар во Холандија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот Пол Сколс не е импресиониран од фаворитот за нов тренер на Јунајтед и го советувал клубот да се обиде со Чави Ернандез или Зинедин Зидан кои се без ангажман.

„Прв избор за мене ќе беше Тухел, но тоа веќе не е можно. Знам дека Манчестер Јунајтед водеше преговори со него, меѓутоа тој подоцна стана селектор на Англија. Чави е тренер кој до неодамна водеше голем клуб. Манчестер Јунајтед треба да биде меѓу најголемите и затоа го заслужува најдоброто. И Чави би бил ризичен избор, но тој веќе има искуство со трофеј во силно натпреварување како Ла Лига каде што водеше битка со Карло Анчелоти. Затоа сметам дека треба да му се даде шанса и во Јунајтед.

Тука би го додал и Зинедин Зидан кој имаше голем успех со Реал Мадрид. Слободен е и секако е име кое треба да се разгледа. Со Рубен Аморим би имале сличен потег како со Тен Хаг. Добар е но работи во лига која не е многу силна. Се споменуваше и Томас Франк, но Брентфорд е тим со многу помали очекувања од Манчестер Јунајтед“, објасни Сколс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…