Дома Фудбал Италија Тијаго Мота ги налути навивачите на Јувентус со изјавата пред дербито

Тијаго Мота ги налути навивачите на Јувентус со изјавата пред дербито

Екипата на Јувентус утре го игра дербито против Интер во Серија А, а пред овој натпревар тренерот Тијаго Мота даде изјава која веројатно нема да им се допадне на навивачите.

За Мота Интер и Наполи се први фаворити сезонава за Скудетото.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


„Јасно е дека фаворити за Скудетото се Наполи и Интер, тие ги освојуваа и во последните две. Утре мораме да се фокусираме и не смееме да правиме грешки ако сакаме успех“, изјави Мота.

Против Штутгарт Јувентус го претрпе првиот пораз сезонава.

„Тоа е првиот пораз кој ни се случи оваа сезона. Дури и кога ќе победиме, продолжуваме понатаму. Немаме време да славиме и да размислуваме за победата. Минатото е минато. Штутгарт е зад нас, сега играме со Интер“, истакна тренерот на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дали ова е најпотцениот африкански напаѓач сезонава? Повеќе голови од него има само Халанд

Брајан Мбуемо е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата од почетокот на сезоната, но с…