На Ерик Тен Хаг не му оди на клупата, а Холанѓанецот продолжува да изненадува и со изјавите на прес-конференциите.
Сега Тен Хаг истакна дека не го признава поразот од Тотенхем бидејќи ФА подоцна го поништила црвениот картон кој го добил Бруно Фернандеш во тој натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотенхем доминираше на „Олд Трафорд“ и победи 0:3 со головите на Џонсон, Кулушевски и Соланке.
„Не го признавам поразот, го игнорирам натпреварот против „спарси“ бидејќи останавме со 10 играчи при резултат 0-1… И потоа црвениот картон беше поништен. Целосно го игнорирам тој натпревар. „Не може да се напрви фер анализа на нашиот тим бидејќи бевме спречени да се вратиме од негативата“, изјави Тен Хаг.
Викендов својот натпревар Манчестер Јунајтед го игра утре на гости против Вест Хем.