Maнчестер Јунајтед ремизираше 1:1 во натпреварот против Фенербахче и овој бод не е толку лош резултат за „црвените ѓаволи“ ако се споредат претходните.
Тимот предводен од Ерик Тен Хаг во последните седум натпревари има само една победа, додека во Лигата на Европа трипати одиграа нерешени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имавме две тешки гостување. Во овој натпревар имавме водство и не можете да сте задоволни со реми во таква ситуација.
Создадовме шанси за втор гол, разочаран сум што не победивме. Ќе мора на „Олд Трафорд“ да ги добиеме нашите натпревари. Фенербахче е одличен тим со добри играч и голем тренер. Ни создадоа многу проблеми“, изјави Тен Хаг.