Нови лоши вести доаѓаат за Реал Мадрид по синоќешната победа од 5:2 над Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Прво „Марка“ објави дека Родриго ќе го пропушти големото дерби со Барселона во сабота, а сега стана јасно дека и Тибо Куртоа исто така е во аут за Ел Класико.
„По прегледот на Куртоа од страна на медицинската служба на Реал Мадрид, му беше констатирана повреда на аддукторниот мускул на левата нога“, стои во соопштението на мадридскиот клуб.
Parte médico de Courtois. #RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) October 23, 2024