Дома Останати Кошарка ВИДЕО Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс со победи ја отворија новата сезона во НБА

ВИДЕО Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс со победи ја отворија новата сезона во НБА

Со два натпревара одиграни синоќа почна сезоната 2024/25 во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.

Шампионот Бостон Селтикс победи на отворањето против Њујорк Никс со 132:109. Њујорк донесе две нови ѕвезди минатото лето, но Бостон сепак беше премногу силен во овoj натпревар.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Џејсон Тејтум ги предводеше шампионите со 37 поени и 10 асистенции. Дерик Вајт постигна 24 поени, а МВП-то од минатата сезона Џејлен Браун постигна 23 поени.

Лос Анџелес Лејкерс ја победи Минесота со 110:103.

Лејкерси ги предводеше Ентони Дејвис со 36 поени, 16 скока и три блокади, а одличен беше Ентони Едвардс од Минесота со 27 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Татко и син за прв пат играа заедно во НБА

На отворањето на новата сезона во НБА, ЛОС АНЏЕЛЕС Лејкерс ја победи Минесота со 110:103 в…