Дома Фудбал Германија Германците тврдат: Нема дилеми – Чаби Алонсо заминува!

Германците тврдат: Нема дилеми – Чаби Алонсо заминува!

Нема повеќе дилеми. Чаби Алонсо ја работи третата и последна сезона како тренер на Баер Леверкузен.

Во првата дојде во текот на сезоната и го стабилизираше тимот, а втората беше историска Баер првпат стана шампион на Германија, го освои домашниот Куп, додека во финалето на Лига Европа загуби од Аталанта.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Сезонава целта е забележителен резултат во Лигата на шампионите и одбрана на домашните трофеи, но што и да се случи, Шпанецот од јуни повеќе нема да работи во Левекруз.

Челниците на „фармацевтите“ се помириле со ова, па веќе бараат замена. Прв кандидат е тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес, а втор Сандро Вагнер, помошник на селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман.

Какви се опциите за Алонсо?

Јасно е дека ништо нема да дојде од Ливерпул за кого некогаш играше и кој многу го посакуваше по заминувањето на Јирген Клоп. Арне Слот одлично го започна својот мандат на „Енфилд“, а „црвените“ изгледа го решија прашањето за тренер на долг рок.

Баерн се реши за проект со Винсент Компани и добро му оди, па ниту тој не е опција.

Една од опциите е Чаби Алонсо да стане менаџер на Манчестер Сити, под услов Пеп Гвардиола да реши да не ја продолжи соработката со „граѓаните“, што не е невозможно по одлуката на Цики Бегернстајн да го напушти Манчестер.

Тогаш сигурно би бил кандидат број еден за да седне на клупата на шампионот на Англија, но би имал уште една голема можност, можеби и најреална. Тоа е Реал Мадрид.

Договорот на Карло Анчелоти истекува во летото 2026 година, па Алонсо, кој своевремено го носеше дресот на мадридскиот клуб, многумина го сметаат за наследник на славниот Италијанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Во Мадрид реприза од минатогодишното финале во ЛШ

Продолжува третото коло во Лигата на шампиони, а најинтересниот дуел се игра во Мадрид, ка…