Дома Топ вести Модриќ го надмина и Пушкаш

Модриќ го надмина и Пушкаш

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ синоќа стана најстариот фудбалер кој настапил за Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој со 39 години и 40 дена го надмина легендарниот Ференц Пушкаш кој пред 58 години го одигра својот последен меч за Реал кога имаше 39 години и 36 дена.

Во 63. минута од натпреварот против Селта во Виго, Лука влезе во игра и со тоа го надмина овој рекорд кој до оваа вечер го држеше легендарниот Ференц Пушкаш.

Модриќ стана и втор странец по бројот на одиграни натпревари за „кралскиот“ клуб. Тој во дресот на Реал има одиграно 547 мечеви, и го надмина Марсело кој имаше 546. Прв на листата е Карим Бензема со 648.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Полета во Барселона, па ја заборави измамата што ја направи: “Тука веќе никој не те сака”

Нико Вилијамс ја измами Барселона минатото лето. Преговараше долго со каталонскиот клуб, в…