Дома Фудбал Англија Тен Хаг лут на новинарите: Пишувате лаги за мене

Тен Хаг лут на новинарите: Пишувате лаги за мене

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека е уверен во идниот успех на клубот и ги нападна новинарите на денешната пресконференција.

Се погласни се шпекулациите дека Тен Хаг ќе добие отказ по слабиот старт на Манчестер Јунајтед.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Вревата доаѓа само од медиумите, од некои од вас кои измислуваат приказни и приказни, објавуваат лаги. Знам дека сме на иста страна со клубот. Го кажав тоа пред паузата, но некои новинари веројатно не ми веруваа. Во клубот е тивко и не се зборува за тоа“, изјави Тен Хаг.

„Пред нас е планина за искачување, но играме фудбал на највисоко ниво. Некогаш мора да се соочите со предивизици, но сигурен сум дека ќе имаме успехј како што имавме во последните две сезони. Гледам работи кои одат во добра насока. Сепак, позицијата на табелата во овој момент не е добра“, додаде Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерите на Ливерпул открија како им се изговараат имињата, ќе се изненадите (Видео)

Во Англиската Премиер лига, како и во многу европски фудбалски првенства, играчи од сите д…