Дома Фудбал Италија Интер ослабен во дербито со Рома

Интер ослабен во дербито со Рома

Италијанскиот шампион Интер во недела од 20:45 часот и гостува на Рома во дербито од осмото коло во Серија А, а тренерот Симоне Инзаги пред овој натпревар се соочува со проблем во ростерот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговите планови се нарушени поради повредата на Пјотр Зелински, кој претходно мораше да го напушти натпреварот од Лигата на нации против Хрватска (3:3) во кој беше и стрелец.

Полскиот играч за врска само што влезе во одлична форма се повреди на дуелот во Варшава.

Прегледите во клубот покажале дека не се работи само за истегнување, па тој веројатно ќе одомори овој викенд. Интер сака тој да биде максимално подготвен за „Дербито на Италија“ против Јувентус кој следи наредниот викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер го потврди засилувањето од 35 милиони евра

Интер го официјализираше ангажманот на Џед Спенс (26) од Тотенхем. Англискиот репрезентати…