Дома Топ вести Ал Хилал го спрема најголемиот трансфер во историјата

Ал Хилал го спрема најголемиот трансфер во историјата

Саудиските клубови успеаа да доведат голем број познати имиња од европскиот фудбал, па нема да жалат пари за ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор.

Напаѓачот на Реал моментно заедно со Ерлинг Халанд се играчи со најголема вредност во светот, веројатно Бразилецот ќе биде добитник на „Златната топка“, и тој е сонот на саудискиот клуб Ал Хилал.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Тој има договор со Реал до 2027 година, клаузулата е во висина на една милијарда евра, но челниците на Ал Хилал се убедени дека 300 милиони евра ќе бидат доволни за да се убеди Флорентино Перез да го продаде.

Бразилецот бил контактиран од Фондот за јавни инвестиции во име на Министерството за спорт на Саудиска Арабија и му понудиле да биде заштитно лице на Светското првенство во 2034 година.

Притоа, саудискиот клуб на Винисиус му нуди годишна плата од 140 милиони долари плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Синер го освои Шангај, Ѓоковиќ призна: Беше пресилен за мене

Новак Ѓоковиќ загуби од Јаник Синер во финалето на турнирот во Шангај со 0-2 во сетови, од…